Сите криптовалути утрово во црвено

190

Пазарот на криптовалути утрово е во минус. По вчерашниот раст и нивоата од над 47.000 долари, биткоинот денес се намали на нешто повеќе од 45.000 долари. Неговата моментална цена ( околу 10:00 часот) е 45.942 долари, што е пад од 2,89 проценти во последните 24 часа.

И втората најпопуларна криптовалута Етереум е во црвено. Вредноста утрово падна за 3,14 проценти и се тргува по цена од 3.181 долари.

Инаку, во претходните денови, криптовалутите беа постојано во плус.

Фото: Pixabay