Сите вработени во Apple знаеле што значи кога Стив Џобс ќе го исклучел мобилниот

529

За Стив Џобс досега се објавени голем број книги, а напишани се и многу статии во кои се опишува неговиот карактер и карактеристиките на еден лидер чија работа и упорност го направија Apple еден од најуспешните брендови во светот и една од најуспешните и најпознатите светски компании.

Стив Џобс скоро никогаш не го исклучувал својот iPhone, тврди во својата нова книга, поранешната главна асистентка на Џобс, Наз Бехешти. Неколку пати, сепак, се вели, се случило тој да биде недостапен. На тој начин, тој “се враќал во реалниот свет“.

“Набрзо открив како изгледаше играта за Стив Џобс и дека таа беше еден од главните фактори во неговиот успех како голем иноватор

Кога и да го баравме и не можевме да го добиеме преку телефон, секогаш ќе го најдевме на едно место – во канцеларијата на Џони Ајви, поранешен директор за дизајн во Apple, напишала Бехешти.

Токму во таа канцеларија се создадоа повеќето производи на Apple и секогаш кога Џобс одеше во канцеларијата на Џони, тој го исклучуваше телефонот.

“Ќе полудевме барајќи го и обидувајќи се да го донесеме на состаноци. На крајот ќе мораше да го повикаме Џони и да го замолиме да го тргне Стив од играчките. Времето поминато со Џони му даде на Џобс простор за смеа, фантазија, создавање и обновено чувство на слобода“, напишала таа во книгата.