Сити Банка ја прогласи Комерцијална банка за најдобра во меѓународните плаќања за 2017

19

Како признание за брзината и квалитетот на меѓународните плаќања во долари и оваа година Комерцијална Банка АД Скопје е добитник на Best Performance STP Excellence award од Citi Bank: 2017 US Dollar payments STP Excellence Award – Best Performance.

Високиот степен на директна обработка на меѓународните плаќања значајно влијае на заштедата на време и трошоци, што и дава конкурентска предност на Банката.

Оваа награда претставува уште еден поттик за вработените и потврда за коминтентите дека Комерцијална банка АД Скопје и во меѓународни рамки останува најреномирана банка во Република Македонија, која се истакнува со својот исклучителен квалитет во извршувањето на меѓународните плаќања.