
Менаџерите и консултантите на банката Ситигруп кои работат на нејзина реорганизација разговарале со директорката Џејн Фрејзер за отпуштање на најмалку 10 отсто од вработените, велат изворите вклучени во овој процес.
Во септември, банката најави отпуштања како дел од сеопфатен ремонт, но тогаш соопшти дека ќе го процени степенот на отпуштања и заштеди во тековниот квартал, пренесува Ројтерс, цитирајќи го CNBC.
Реорганизацијата, внатрешно позната како „Проект Бора Бора“ треба да и даде на директорката на банката подиректна контрола додека таа се обидува да го рационализира менаџментот на гигантот од Волстрит и да ја зголеми цената на неговата акција.
Разговорите се во рана фаза и бројот на отпуштања може да се промени, а Ситигруп ја ангажираше консултантската групација Бостон да ѝ помогне да се реорганизира. Фрејзер има намера да елиминира регионални менаџери, ко-началници и други со преклопувачки позиции, што би можело да значи отпуштања за повеќе од 10 отсто од раководниот персонал.