Столицата sixE, развиена од компанијата HOWE, во себе содржи повеќе функции што го олеснуваат учењето или работењето на корисникот, пишува Designboom.
Има вградено место за поддршка на таблет или лап топ компјутер, нудејќи поголем простор за работа. Од едната страна има посебен дел за оставање на чаша или шише за вода.
Кога нема потреба од користењето на компјутерот, работната површина може да се премести на задната страна од столчето за да не пречи и да не зафаќа дополнителен простор.
Поставените тркалца му ја даваат леснотијата за движење низ работниот простор.