Скандал во Германија – компании злоупотребувале државна помош

91

Германија привремено ја прекина финансиската помош за некои компании погодени од ограничувањата поради коронавирусот, по откривање на неколку сомнителни случаи на злоупотреба, објави Министерството за економија.

Одлуката за суспензија се однесува на компаниите кои аплицирале за финансиска помош за ноември и декември, како и за добивање на посебни кредити за надминување на деловните тешкотии, пренесува Ројтерс.

Од министерството наведуваат дека одлуката за суспензија на помошта се применува од петти март, без да прецизира колку компании се погодени од неа.

Во соопштението се забележува дека министерството испратило податоци за сомнителни случаеви до обвинителството, кое треба да покрене истрага за неправилности.

Министерството не соопшти за колкава сума на пари станува збор, додека бизнис порталот Business Insider на германски јазик, кој прв објави за сомневањата за измама, наведува дека станува збор за бројка од неколку милиони евра. Според Business Insider, трети лица се вклучени во измамата, како што се даночни советници назначени од владата да ги проверуваат побарувањата на компаниите пред да ги достават.

Фото: Pixabay