Скапа грешка – Бензинска пумпа продавала гориво по цена од 1 евро

98

Бензинска пумпа во германскиот град Геролжофен во сојузната држава Баварија случајно продавала гориво по цена малку поголема од 1 евро за литар.

Како што пишуваат медиумите, супер плус на таа бензинска пумпа чинел 1.029 евра за литар. Евтиното гориво резултирало со општ хаос и гужви во вторникот попладне.

„Резервоарот од 3.000 литри беше празен до вечерта“,  соопштиле од бензинската станица.

Цената по која по грешка се продавал бензинот била за едно евро пониска од вистинската цена. Ова траело кратко, бидејќи во средата наутро литар суперплус бензин повторно чинел 2,099 евра.

Од бензинската станица изјавиле дека до грешката настанало при внесувањето на цената од страна на вработено лице. Тие не откриле колку гориво продале по пониската цена.