Скапоцен камен од 50,13 карати, нов Гинисов рекорд

414

luksuz-dragi-kament-nakit-dijamant-rubin (5)Скапоцен камен од колекцијата Henry Philip Hope се најде во Гинисовата книга на рекорди со тоа што достигна цена над 1,4 милиони долари на аукција во Лондон.

Овој камен чини околу 30.000 долари по карат, со што ја премина највисоката цена за карат во светот што беше поставена од Spinel во 2013 година, а изнесуваше 16.000 долари по карат.

Скапоценото парче последен пат беше достапно за купување во 1917 година, кога беше продаден по цена од 1.560 долари.

Каменот со темно розова боја има 50,13 карати и е сместен во сребрено златен брош од 19 век. Се верува дека потекнува од Таџикистан, а со оглед на големината и совршеноста тој се смета за уникатен.

 

luksuz-dragi-kament-nakit-dijamant-rubin-99