Скарамучи објаснува зошто цената на Bitcoin ќе продолжи да расте

57

Основачот на SkyBridge Capital, Ентони Скарамучи, вели дека макроекономските фактори ќе бидат попогодни за Bitcoin, што ќе му овозможи на BTC да се искачи на шестцифрена бројка во наредните месеци.

Во интервју за MarketWatch, Скарамучи рече дека историските нивоа на инфлација во САД ќе станат „многу подобри“ во рок од една година.

Хеџ-фонд ветеранот, исто така, рече дека сегашните геополитички тензии меѓу Русија и Украина ќе имаат ограничено влијание врз глобалната економија на долг рок, наведувајќи го бранот санкции против Русија од Западот.

„Предвидувам дека овие војни нема да траат толку долго поради болката што му е нанесена на општеството со ваков тип на економско осакатување…Едно е да се наметнуваат лесни санкции овде и таму, но Западот во суштина ја уништува инфраструктурата и богатството околу Владимир Путин и неговиот близок круг. Ова е многу голем чекор што го прават западните демократии“, смета тој.

Скарамучи вели дека дури и ако војната продолжи, нејзиниот ефект веројатно ќе биде „помалку деструктивен“ во иднина.

„Ова може да биде „авганистанска ситуација“ за Русија, каде што ќе трае вечно, но нема да создаде шокови во снабдувањето откако системот на слободниот пазар ќе се прилагоди на тоа“.

Како што се ладат инфлацијата и геополитичките тензии, шефот на SkyBridge Capital вели дека Bitcoin ќе биде посилен.

Според Скарамучи, BTC привлекува инвеститори поради неговиот потенцијал за раст. Тој предвидува дека повеќе од милијарда портфолија ќе чуваат Bitcoin до крајот на 2025 година.

„Го гледам Bitcoin во неговиот сегашен статус како технолошко средство во рана фаза… Мислам дека ќе го користат многу земји од Латинска Америка како законско средство за плаќање со текот на времето, не само Ел Салвадор, туку и други земји… Кога станува збор за [до милијарда портфолија], тогаш мислам дека како зрело средство, би можеле да разговараме за тоа дали функционира како заштита од инфлација“, дециден е тој.

Според Скарамучи, скокот на стапката на прифаќање може да доведе до зголемување на цената на BTC на 100.000 долари во следните 12 до 18 месеци.