Skarp – ласерски брич на иднината

74

skarp

Skarp е брич којшто на изглед е како и останатите што може да се најдат на пазарот. Она по што се разликува од останатите е во тоа што користи мал ласер којшто на корисникот му дава сосема поинакво искуство.

“За да се направи вистински напредок во бричењето, потребен е радикално нов пристап. Skarp се напојува со мал ласер, којшто лесно минува низ брадата“, стои на глобалната платформа за групно финансирање Kickstarter.

Зад дизајнот на овој ласерски брич стои Skarp technologies на Морган Густавсон и Пол Бинун.

skarp 1

Меѓу главните придобивки од користењето на овој револуционерен уред се: не ја иритира кожата, не предизвикува инфекции, нема потреба од скапа замена на жителите. Skarp користи мала количина на вода и е еколошки.

На Kickstarter овој проект досега собира 988.703 долари од 6.185 инвеститори, иако првично беа побарани 160.000 долари.