Скенирање на вени како начин да се отклучи телефон на LG

24

Фото: Pixabay

Технолошката компанија LG го претстави својот нов ThinQ паметен телефон, што е уникатен по тоа што за отклучување му служат вените на корисникот, пишува Business Insider.

Станува збор за технологијата Hand ID, што функционира исто како и технологијата за препознавање на лик на корисникот.

Инфрацрвениот сензор и камерата можат да ги препознаат вените на раката на корисникот, што се толку единствени и може да се поклопат еднаш на милијарда случаи.