Skipchen – ресторан што нуди храна од ѓубре

65

Skipchen

Мал ресторан во Бристол под името Skipchen нуди сосема нова димензија во угостителството, сакајќи да ја подигне свеста кај луѓето за непотребното фрлање храна во ѓубре. Зад овој необичен ресторан стојат група волонтери кои служат храна што може да се јаде, а претходно била селектирана за фрлање од некој супермаркет или ресторан, пишува британски Телеграф.

Дваесет и четиригодишниот Сем Џозеф, еден од директорите на проектот The real junk food кој стои зад Skipchen, изразува надеж дека нивната идеја ќе ја подигне свеста за отпадоците од храна што се фрлаат во Велика Британија.

skipchen 1

“Ние ја користиме храната што инаку би завршила во ѓубре. Наместо да ја фрлат храната, ние ја земаме, со што се ’прескокнува’ кантата за отпадоци. Од друга страна, нашите клиенти можат да бидат мирни бидејќи ние сме свесни за безбедноста на храната и хигиенските услови што треба да ги исполнува“, вели Џозеф.

Оваа млада група волонтери и ентузијасти, исто така, добиваат донации од фарми, локални претпријатија и семејства, а склучија и партнерство со синџирот ресторани Nandos за да го добиваат вишокот пилешко месо.

BzVgWKTIcAAAqk6

Skipchen има посебен начин како да ги наплаќа своите услуги – плати како што чувствуваш. Ово локал во Велика Британија е отворен овој месец и веќе стекнува се поголема популарност меѓу луѓето.

Проценките велат дека само во Велика Британија годишно се фрлаат околу 15 милиони тони храна.