Škoda го прекина производството

366

Škoda го прекина производството во сите три фабрики во Чешка поради недостиг на чипови, полупроводници и други автомобилски делови, пренесува HRT.

Во функција остана само една производна линија. Вработените се испраќаат дома и ќе добијат 80 отсто од просечниот приход.

Затворањето на Škoda е нов показател за тешкотиите со кои се соочуваат светските трговски синџири. Компанијата проценува дека производството ќе се нормализира кон средината на 2022 година.