Škoda Octavia RS ќе им биде достапна и на македонските возачи

8

skoda

Ова лето, македонскиот асфалт ќе биде дополнително вжештен поради пристигнувањето на автомобилската убавица Škoda Octavia RS – најбрзата Octavia досега произведена од Škoda! Автомобил кој импресионира со огромна моќност, со крајна брзина од 248 km/h и забрзување до 100 km/h за 6,8 секунди. Спортска убавица која ги плени сите погледи и мами гласни воздишки. Благодарение на Порше Македонија, новата Octavia RS која покрај со брзината, освојува и со наjмоќните и најефикасни мотори досега, стилскиот дизајн, уште повисоката функционалност и пониската потрошувачка на гориво, ќе им биде достапна и на македонските возачи.

Од семејството на веќе популарната Шкода Октавиа која неодамна во Македонија го доби и признанието Автомобил на годината, доаѓа и новата Škoda Octavia RS, одлична комбинација од спортски карактер, просторност и функционалност, а која е достапна во две изведби – како лимузина и комби. Брзите лимузини се избор на многумина возачи кои бараат нивното возило да има перформанси и возни својства на спортски автомобил, но притоа не сакаат да се откажат од комоцијата и практичноста на класичните каросериски форми. Она што е навистина интересно е тоа дека новата Octavia RS се нуди и како Octavia Combi RS, односно караванска изведба. Со ова покрај спортскиот дух, Octavia на патниците им нуди и максимална практичност.

“Octavia е срцето на брендот Шкода. Автомобил препознатлив по бескомпромисниот квалитет, огромна пространост, удобност и легендарна издржливост, a новата Škoda Octavia RS го има сето ова и многу повеќе! Во споредба со претходниот модел, нуди повеќе моќност, но и до 19% пониска потрошувачка на гориво, меѓу другото и благодарение на Старт-Стоп системот, како и системот за регенерирање на енергијата при сопирање  кои  се нудат како стандардна опрема. Подобрената управливост произлегува и од електромеханичкото прогресивно управување кое овозможува со помало вртење на управувачот да се совлада свиокот. Големата моќност е надополнета и со вистинска спортска елеганција. Во споредба со стандардниот модел, RS е понизок за 12 милиметри. Внатрешноста го нагласува спортскиот карактер на RS преку амбиенталното осветлување, спортските седишта и трикракиот управувач обложен со кожа. Праговите и педалите се изработени од благороден челик, а автомобилот поседува средишен дисплеј кој е единствено се вградува во спортскиот модел. Логото RS секако е забележливо на повеќе места во ентериерот”, изјави Миле Станчев, бренд менаџер за Шкода.

Новата Octavia RS се нуди во две изведби – бензинска и дизелска. Дизелската изведба ја носи ознаката RS TDI и доаѓа со веќе познатиот 2-литарски турбодизелски агрегат на Volkswagen кој испорачува 184 коњски сили. Благодарение на овој мотор, RS TDI забрзува до 100 километри на час за 8,1 секунди, а максималната брзина е 232 километри на час.

Поинтересната, бензинска изведба се нуди со 2-литарски турбо-бензински агрегат кој нуди 220 коњски сили. Со овој мотор, Octavia RS забрзува од 0 до 100 километри на час за само 6,8 секунди, а максималната брзина изнесува фасцинантни 248 километри на час!

Skoda Octavia RS е вистински автомобил за оние со спортски дух, кои уживаат во големите брзини и долгите патувања, на кои истовремено им е важна и ниската потрошувачка и пространоста. Дури и оваа ексклузивна изведба на Škoda Octavia има непобедлив сооднос цена/квалитет кој е препознатлив за брендот.

Посетете го салонот на Порше Македонија и уживајте со најмодерната Škoda Octavia RS!