Škoda Rapid Spaceback и во Македонија

19

FUTURAMA_RAPID 028

Оваа зима и македонските возачи ќе можат со своите семејства да уживаат во патувањето и зимскиот одмор со новиот автомобилски убавец Škoda Rapid Spaceback, благодарение на генералниот импортер за Škoda – Porsche Macedonia. Атрактивен и економичен, првиот  хечбек модел во компактната класа на Шкода гарантира пријатно, едноставно и практично патување на радост на целото семејство.

Škoda Rapid Spaceback нуди комфорно место за пет лица и простран багажник со волумен од 415 литри, како и импресивен простор за нозете и главата, кои гарантираат пријатно возење.  Овој компактен автомобил вклучува многу решенија како што е двоен под во багажникот на возилото кој го дели подот со две хоризонтални прегради кога е потребно, гребалка за мраз поставена во внатрешноста на поклопецот на резервоарот, многу држачи за различен товар, мрежи и прегради во багажниот простор, што на патниците им овозможува едно поинакво и поудобно зимско возење и големо олеснување во поглед на тоа дека можат да си ги понесат сите лични нешта неопходни за патување или пак уживање во зимскиот одмор. Со својата просторност, функционалност, како и со својот дизајн, несомнено поставува нови стандарди во својот сегмент и е идеален автомобил за младите луѓе и за семејствата.

Rapid Spaceback освојува уште од прв поглед со својот уникатен дизајн –  комбинација од спортска свежина и динамична елеганција. Динамичната силуета на Rapid Spaceback ја одбележуваат јасни линии, динамични контури, како и посебни шик моменти кои го прават атрактивен и привлечен. Уште еден специјален детал кај овој автомобил е тоа што по желба може да се нарача и со панорамски стаклен покрив кој се протега од ветробранското стакло до прозорецот на петтата врата, со што е најголемиот стаклен покрив кој некогаш е понуден кај моделите на Škoda! Ова им нуди на патниците непречен поглед кон небото, доволно светлина во кабината и чувство за простор, како и слобода при возењето за кое само небото е граница!

Внатрешноста е комфорна и елегантна, прегледна и надополнета со најмодерни технолошки додатоци и бројни „едноставно паметни” решенија, корисни уреди кои патувањето го прават уште поубаво и позабавно.

Моторите кои се вградуваат се четири бензински и две дизел верзии. Новиот Rapid Spaceback е опремен со безбедносната опрема која стандардно се нуди во моделите на Шкода, со бројни активни и пасивни безбедносни системи.

Škoda Rapid Spaceback е идеален автомобил за семејствата кои се во потрага по простран прв автомобил, кој ги комбинира достапнатата цена и познатиот квалитет на Škoda.

golf_rapid 175

3