Скокна цената на гасот во Европа

56

Цената на природниот гас во Европа вчера скокна за 7,7%, на над 570 долари за 1.000 кубни метри во споредба со неделата.

Ова го покажуваат податоците на Интерконтиненталната берза во Европа (ICE).

Цената на септемвриските термиски договори во холандскиот гасен центар TTF достигна 577,4 долари за 1.000 кубни метри или 48,05 евра за MWh, врз основа на тековниот курс на еврото во однос на доларот.

Претходно беше објавено дека Гаспром резервирал 4,3% од понудените капацитети за транзит на гас преку Украина, односно вкупно 19,5 милиони кубни метри, или 0,65 милиони кубни метри дневно.

На зголемувањето на цената на гасот влијаеше и веста за пожарот што се случи на петти август во пречистителната станица на Гаспром во автономниот регион Јамал-Ненец, која беше локализиран без повредени лица, пренесува SEEbiz.

Фото: Pixabay