Скокна просечната плата во Хрватска

109

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Хрватска е 1.150 евра во јуни.

Тоа е номинално повисоко за 12,4 отсто, а реално за 4,5 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според извештајот, просечната плата од 1.150 евра е номинално повисока за 1,5 отсто, а реално за 0,6 отсто во однос на мај.

Највисока просечна месечна нето плата е исплатена во индустријата за авиосообраќај, 1.943 евра, а најниска е во индустријата за производство на облека, 742 евра.

Во периодот од јануари до јуни, просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 1.123 евра, што е номинално повисока за 11,9 отсто, а реално за 1,8 отсто во однос на истиот период лани.