Скокна вредноста на Теsla

69

Акциите на Tesla скокнаа за речиси 8% во средата, откако еден ден претходно го достигнаа најниското ниво во последните 52 недели.

Порастот следеше по позитивните препораки од аналитичарите на инвестициската банка Citi и укажувањата на извршниот директор на Tesla, Илон Маск, дека Јужна Кореја е главен кандидат за новата фабрика.

Закрепнувањето е одмор за инвеститорите на Tesla, кои забележаа пад на вредноста на нивните акции за околу половина оваа година во услови на општ пад на пазарот и оддалечување од ризичните средства, пишува SEEbiz.

„Веруваме дека повлекувањето од годината до датумот го балансира краткорочниот ризик/награда“, напишаа аналитичарите на Citi, зголемувајќи го нивниот рејтинг на акциите на неутрален.

Покрај најавата на Citi, Маск во средата разговараше со јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јол и изрази оптимизам дека новата фабрика на Tesla конечно ќе се отвори во таа азиска земја.