Скопјани и тетовци се дружеа со Четко Четковски

37

Lacalut zoo

Најмладите тетовци денеска се дружат со нашиот јунак од кампањата Патот до здрави заби, Четко Четковски. Дружењето ќе се случи во Рамстор, во трговскиот центар Палма Мол. Исто така, Четко се дружеше и со своите пријателчиња од Скопје во Зоолошката градина, каде ја играа играта Кула.

„Децата се нашата инспирација, нашиот главен мотив за оваа кампања. Дружењето со децата е најблагородната работа, а споделувањето насмевки со нив е највозвишеното чувство. Покрај дружењето преку игра, разменуваме и едукативни информации кои ќе им помогнат како правилно да ги мијат своите запчиња, колку често тоа да го прават и зошто редовно треба да ги четкаат запчињата. Играјќи ја играта Кула успеавме во тоа“, вели Четковски.

Патувањето на Четко со дечињата ќе продолжи и понатаму во рамки на кампањата насловена како Патот до здрави заби. Кампањата ќе се реализира под слоганот „Секој ден четкај и со здрави заби светкај“ и има цел да ги научи децата на една исклучително здрава навика, значајна за целокупното здравје на организмот, почнувајќи од здрава исхрана како што се овошје и зеленчук, преку начинот на одржување на хигиената на запчињата, сè до тоа како да се зачуваат запчињата здрави, бели и цели!

За да го поминат патот до здрави заби, дечињата заедно со Четко играат неколку игри кои ќе им помогнат да научат зошто е важно да ги мијат запчињата редовно. За времетраење на кампањата, за секој купен Лакалут детски производ, дечињата ќе добиваат боенки со кои ќе имаат можност да учествуваат во сите игри кои ќе следуваат.

Како јунаци на Четко, дечињата за добрите резултати ќе бидат соодветно наградени. А сите останати учесници и минувачи, кои ќе се дружат со Четко, ќе добијат симболичен подарок.

За сите игри и можности за дружење, Четко и Лакалут ќе Ве информираат преку социјалните медиуми (Facebook страницата Четко Четковски), како и преку интернет страната на Натусана.

На следниов линк  https://youtu.be/DYxzG0uJd5o е видеото од првото дружење на Четко со најмладите Скопјани.