Скопјанка остварила бруто годишен доход од 7,3 милиони евра

225

Тетовец е со највисок доход од игри на среќа кој добил бруто 40 милиони денари, Скопјанец има највисока пензија кој пријавил странска пензија од 5,8 милиони денари на годишно ниво, најмладиот милионер има седум години со остварени 1.016.947 денари, а највозрасниот милионер има 96 години и остварил доход од 4.570.535 денари.  Граѓанин од Тетово доброволно го пријавил својот доход од 247,7 милиони денари кои ги заработил од компании кои работат со социјални, видео и мрежни интернет платформи, информира денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Скопјанка е на врвот на листата и таа остварила бруто годишен доход од 453.110.019 денари (7,3 милиони евра) и овој бруто доход е двојно поголем од највискиот бруто доход во 2019 година.

Највисоката годишна бруто плата е исплатена на граѓанин од Струга. Платата е исплатена во секторот со метали и изнесува 105,2 милиони денари. На листата на највисоко рангирани бруто плати се платите во секторот здравство, аптеки, одгледување добиток, трговија со тутун и игри на среќа.

Лукаревска соопшти дека доход над 1 милион денари во 2020 година имале 40.021 граѓани.