Сава Осигурување АД Скопје донираше 5 дигитални мерачи на брзина на Град Скопје.
Целта на оваа донација е во насока на заштита и безбедност во сообраќајот, зголемување на свесноста кај возачите и воопшто обезбедување на сигурен живот на граѓаните.Дигиталните мерачи се поставени на фреквентни локации каде е засегната младата популација, односно во близина на следните училишта:
- Јосип Броз Тито-гимназија
- Панче Караѓозов-медицинско
- Здравко Цветковски- ГУЦ
- Марија Кири Склодовска-хемиско
- Боро Петрушевски-АСУЦ
Сава Осигурување ќe продолжи со активностите како општествено одговорна компанија.