Скопје на второ место на европските листи за конзумирање нездрави производи

19

Според продажба на прехранбени производи кои содржат транс-маснотии опасни по здравјето, Балканските метрополи доминираат на врвот на европската табела.

Со дури 82 производи во продажната мрежа, Сараево го зазема првото место, потоа следи Скопје со 41 производ, Белград со 32, Загреб со 29, Подгорица со 23 и Љубљана со 20 производи од споменатата ризична категорија.

Интересен е фактот што во рамки на истражувањето, спроведено под раководство на данскиот доктор и експерт за трансмаснотии, Стин Сендер, високо на табелата се најде и еден од големите скандинавски урбани центри, односно Малме во Шведска со 24 производи што содржат транс-маснотии.

“Купишта слатки и други производи што содржат екстремно високи нивоа на транс-маснотии се продаваат во Малме. Тоа е дозволено во Шведска, но во Данска е на сила строга забрана за продажба на такви производи”, вели Стин Стендер.

Ваквите производи се забранети и во други земји, како, на пример, во Австрија и Исланд.

Инаку станува збор за вегетабилни, незаситени маснотии кои имаат поцврста конзистенција и подолга трајност преку заситување на вештачки начин. Меѓу производите се помфритот, маргаринот, колачи и тестенини, овошни пити, сладолед, пуканки што се подготвуваат во микро и др.