Скопје се поврзува со Берлин, Братислава и Копенхаген преку WizzAir

52

wizz air

Скопје од март ќе се поврзе со директна авионска линија со Берлин, Братислава и Копенхаген. Летовите ќе ги оперира нискобуџетната авиокомпанија WizzAir, пишува Миа.

WizzAir ќе го поврзе главниот град на Македонија со Берлин од 21-ви март 2016 година, додека пак новите летови од Скопје до Копенхаген и Братислава ќе започнат да се реализираат од 22-ри и 28-ми март.

Секоја од рутите ќе се спроведува два пати во неделата. Билетите за најновите дестинации на WizzAir  се веќе во продажба и почнуваат од 599 денари.

WizzAir оперира од македонските аеродроми до 24 дестинации кон 11 земји.

“Возбудени сме што ги најавуваме новите три рути од Скопје до главните градови на Данска, Германија и Словачка и сме убедени дека и овие три нови линии ќе бидат популарни како и останатите 21. во нашата македонската мрежа, која постојано расте. Билетите за новите рути се веќе во продажба од денеска“, вели Тамара Мешвениераџе од WizzAir.

WizzAir нуди над 390 рути од 22 бази, поврзувајќи 115 дестинации низ 38 држави.