Скопје травел маркет 2017: Најдобрата дестинација за да се види светот

41

nosecka-turizam

Скопје травел маркет 2017, што е отворен денеска и ќе трае до осми април на Скопски саем во Хала 3, е местото каде се претставуваат бројни туристички понуди и други можности од сферата на туризмот, стои во соопштението.

“Дваесет години од сега ќе бидеме повеќе разочарани од патувањата што не сме ги оствариле, отколку од оние што сме ги реализирале. Значи, треба да ги рашириме едрата и да испловиме, да истражуваме, да откриваме со понудите и на годинешните изложувачи, бидејќи живееме во прекрасен свет кој е полн со убавини, атракции и авантури. Секако, патувањето е повеќе од разгледување на места, тоа е промена која се случува во нас, длабока и трајна, и дава големо значење на нашето живеење“, порача Даниела Глигоровска, извршен директор на Скопски саем.

Таа додаде дека Скопје травел маркет е вистинското место за промоција на туристичката индустрија.

“Интернационалните саеми за туризам се можност за квалитетни претставувања на туристичката понуда, но и можност за остварување на нови контакти, релации и ширење на бизнисите. Меѓународниот саем за туризам во Скопје е дополнување на алатките за промоција на сите чинители од туристичката индустрија од Македонија и пошироко. Имајќи го во предвид енормно брзиот раст на индустријата, овој тип на промоција овозможува интензивни деловни контакти кои се моќен сегмент и значаен фактор во економијата, двигател и основен столб на сегашниот и идниот социо – економски напредок во Македонија, регионот и на глобално ниво.“, истакна Лела Крстевска, директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Македонија.

Хакан Озцелик, директор на Советништвото за култура на Република Турција, порача дека неговата земја е совршеното место за претстојните летни одмори и ги повика граѓаните на Македонија да ја посетат земјата.

Скопје травел маркет 2017, што се одржува истовремено со Саемот на книгата 2017, ќе биде отворен од 10 до 20 часот во Хала 3, цената на влезницата за сите посетители изнесува 30 денари.