Скопје vs Даблин

435

Даблин е еден од најстарите градови во Европа и главен град на Ирска. Познат е по опуштените локали, прекрасната храна, катедрали, универзитети, библиотеки, паркови и пабови. Скопје е оддалечено од Даблин 2.404 километри, а иако се работи за две метрополи, постојат големи разлики меѓу нив. Со помош на Numbeo, правиме паралела меѓу трошоците за живот во Скопје и Даблин. 

Оброк во ресторан за двајца кај нас чини околу 16,26 евра, додека во Даблин цената е околу 60 евра. Шише вода во Скопје има цена од околу 0,76 евра, а во ирскиот град е 1,54 евра. Пиво од домашно производство чини 1,63 евра во Скопје, додека во Даблин е 5,80 евра. Шолја капучино во Скопје чини 1,38 евра, а во Даблин 3,18 евра.

Литар млеко во маркет во Скопје се продава за околу 0,84 евра, додека во ирскиот град има просечна цена од 0,95 евра. Килограм јаболка во нашиот главен град имаат цена од 0,75 евра, а во Даблин треба да се одвојат 2,07 евра. Домати во маркет во Скопје може да купите по цена од околу 0,86 евра, а во Даблин ќе платите 2,74 евра.

Билет во еден правец со локален транспорт во Скопје чини 0,57 евра, а во Даблин изнесува 2,88 евра.

Изнајмување на стан со една спална надвор од центар на градот во Скопје чини 169 евра, а во Даблин 1.383 евра.

Просечната плата во Скопје изнесува 389 евра, а во ирската престолнина е 2.520 евра.

Фото: Pexels