Скопје vs Грац

240

Скопје од вториот по големина град во Австрија, Грац е оддалечено 736 километри, а со податоците на Numbeo ќе направиме анализа на цените.

Оброк за двајца во евтин ресторан во Скопје е околу 16,22 евра, а во Грац е 42,50  евра. Шолја капучино во ресторан во нашиот град е околу 1,37 евра, а во австрискиот град 3,07 евра или 55,39 % повеќе. Пиво од 0,5 литри во Грац може да купите за 3,80 евра, а во Скопје 1,62 евра.

Килограм јаболка во маркет во Скопје имаат просечна цена од 0,75 евра, а во австрискиот град 2,12 евра. Еден килограм портокали во Скопје може да се најдат по цена од 0,86 евра, а во Грац за 2,54 евра. Шише вода од 1,5 литри кај нас чини 0,43 евра, а во Грац 1,79 евра.

Билет во еден правец со локален транспорт во Скопје има цена од 0,57 евра, а во Грац чини 2,50 евра. Еден литар гориво во нашиот град има просечна цена од 1,10 евра, а во Грац се продава за 1,24 евра.

Месечните трошоци за струја, вода, греење… за еден стан од 85 метри квадратни во Скопје се движат околу 109 евра, а во Грац изнесуваат околу 236 евра.

Изнајмување на стан со три спални во центарот на градот кај нас е околу 406 евра месечно, додека во Грац изнесува 1.032 евра.

Просечната месечна исплатена нето плата кај нас е 390, а во Грац 1.875 евра.

Фото: Graztourismus