Скопје vs Њујорк

141

Скопје од американскиот град Њујорк е оддалечено околу 7.505 километри, а со податоците на Numbeo ќе направиме анализа на цените.

Оброк за двајца во евтин ресторан во Скопје е околу 16,19 евра, а во Њујорк 71,81 е евра. Шолја капучино во ресторан во нашиот град е околу 1,37 евра, а во американскиот град 4,18 евра или 67,30 % повеќе.

Килограм јаболка во маркет во Скопје имаат просечна цена од 0,75 евра, а во Њујорк 5,51 евра. Еден килограм портокали во Скопје може да се најдат по цена од 0,86 евра, а во Њујорк за 5,58 евра. Шише вода од 1,5 литри кај нас чини 0,43 евра, а во Њујорк 2,07 евра.

Билет во еден правец со локален транспорт во Скопје има цена од 0,57 евра, а во американскиот град 77% поскапо или 2,47 евра. Еден литар гориво во нашиот град има просечна цена од 1,10 евра, а во Њујорк е поевтин и се продава за 0,71 евро.

Месечните трошоци за струја, вода, греење… за еден стан од 85 метри квадратни во Скопје се движат околу 109 евра, а во Њујорк изнесуваат 115,38 евра.

Изнајмување на стан со три спални надвор во центарот на градот кај нас е околу 406 евра месечно, додека во Њујорк изнесува 5.610 евра.

Просечната месечна исплатена нето плата кај нас е 390, а во Њујорк дури 4.490   евра.

Фото: Pexels