Скопје vs Сараево

137

Скопје од главниот град на Босна и Херцеговина е оддалечено околу 640 километри, а со податоците на Numbeo ќе направивме паралела во потрошувачките цени.

Оброк во скап ресторан во Сараево ќе ве чини околу 3,58 евра, додека во Скопје за истата услуга ќе платите 32% повеќе или 5,28 евра. Шолја капучино во кафуле или ресторан во Скопје ќе платите 1,38 евра, а во Сараево 7% помалку или 1,28 евра.

Еден килограм јаболка во маркет во Скопје достигнува цена од 0,75 евра, додека во Сараево за тоа ќе платите 0,93 евра, што е 24% поскапо. Шише вино во продавница кај нас има просечна цена од 4,88 евра, а во главниот град на БиХ чини 4,60 евра или 5% поевтино.

Билет во еден правец со локален превоз во Скопје има цена од 0,57 евра. Во Сараево е 61% поскап и чини околу 0,92 евра.

Месечните трошоци за струја, вода, греење… за стан од 85 метри квадратни во Скопје се движат околу 109 евра, а во Сараево 28% повеќе или 141 евро.

Ако имате потреба за изнајмување стан со една спална во центарот на градот, во Скопје тоа ќе ве чини 169 евра, а во Сараево 0,87% поевтино или 167 евра. Цена на еден метар квадратен стан во централното градско подрачје во двата града е различна за 37%. Па така, во Скопје ќе платите 1.230 евра, а во Сараево 1.694 евра.

Во просек, еден вработен во Скопје прима просечна нето плата од 388 евра, додека во Сараево за 24% повисока или 483 евра.

Фото: Pixabay