Фото: Skopskipazar
Скопски пазар информира дека продал дел од својот имот на Кожувчанка. Компаниите постигнале договор за купопродажба на недвижен имот, при што како купувач се јавува друштвото за производство, трговија и услуги Кожувчанка од Кавадарци којашто стана нов газда на имотот за 1.065.000 евра.
Компанијата од Скопски пазар купила објект со површина од 2.033 метри квадратни во Кавадрци, и две земјиште исто во Кавадарци, со вкупна површина од 857 квадратни метри.
Од Скопски пазар информираат дека друштвото ги има измирено во целост кредитните обврски кон Халк Банка АД Скопје по основ на рамковен револвинг кредит-лимит на износ од 900.000 евра.