Скопски саем ги награди најдобрите изложувачи на Саемот за мебел

43

Saem za mebel - 011

Oрганизаторот на овогодинешното издание на Саемот за мебел официјално ги додели наградите за најдобрите производители и трговци во вкупно 20 категории, и тоа на коктел забава организирана по повод дружење, размена на искуства, идеи и позитивни вибрации.

На присутните им се обрати Даниела Глигоровска, извршен директор на Скопскиот саем, која напомена дека овој настан се превори во една прекрасна традиција, убаво дружење и соработка, која од година во година добива нови димензии и нуди нови освежувања и новитети.

“Саемот за мебел веќе години наназад поставува нови критериуми, ги дефинира трендовите во оваа гранка и сосема заслужено го носи епитетот на најпрепознатлив бренд во оваа индустрија, нашите партнери и посетители тоа го препознаваат, нè наградуваат за вложувањата и макотрпната работа, а ние ја наградуваме нивната лојалност и доверба. Продолжуваме понатаму со истото темпо“, рече таа.

Рекордниот број на посетители се очекува оваа година да ја надмине бројката од 50.000 и сите тие да бидат дел од големото извлекување за новата Опел Корса кое ќе се одржи во недела на 29-ти март, како заокружување на успешната недела.

Списокот на наградените можете да го погледнете тука.