Скопскиот аеродром го надмина Загреб по број на патници за четири месеци

101

Скопскиот аеродром опслужи повеќе патници од својот традиционален конкурент во Загреб во првите четири месеци од оваа година.

Аеродромот во Скопје, според ExYuAviation News, од јануари до април годинава, преврзе 197.887 патници, што претставува пад од 48,6%. Во Загреб, пак, бројот на патници се намали за 65,8% на 167.420 во текот на првите четири месеци од оваа година. Поголемиот дел од македонските државјани уште немаат пристап до поголемиот дел од земјите во Европската унија, коишто се најчести дестинации од Скопје.

Нашиот главен град го надмина Загреб по број на патници во февруари и март иако аеродромот во хрватската престолнина беше најпрометен во април, што ги вклучува и велигденските празници.

Пандемијата го промени традиционалниот редослед на најпрометни аеродроми во земјите од поранешна Југославија, со тоа што Приштина имала најмногу патници во првото тримесечје, оставајќи ги зад себе Белград, Загреб, Сплит и Дубровник.

Овој месец количината на понуден капацитет од Македонија изнесува 45,6% во однос на нивото од пред пандемијата. Од друга страна, Хрватска достигна 20,6% од капацитетот во април од пред две години.

И во Скопје и во Загреб управува истата компанија иако во Загреб е дел од поголем конзорциум.

Фото: Facebook