Скопскиот аква парк доби безжичен интернет

24

DSC_0337Компанијата SunWireless потпиша договор со менаџментот на СЦ Борис Трајковски со што стана ексклузивен Wi-Fi провајдер во скопскиот Аква Парк кој беше отворен во неделата.

“Големо задоволство ни е што добивме шанса нашиот сервис да го направиме достапен и за посетителите на Аква Паркот кој несомнено претставува уникатен објект за забава и релаксација и е вистинска атракција во главниот град, па максимално ќе се потрудиме да ја оправдаме довербата и да ги задоволиме потребите и очекувањата на сите посетители на Аква Паркот”, изјави Весна Стојановска од менаџерскиот тим на SunWireless.