Нова листа на должници на УЈП: 2.006 фирми и 3.194 граѓани се најдоа на новата црна листа на даночни должници

Колку и кој им должи на државата за даноци, придонеси и царини?
Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.11/2026 за долгови доспеани до 31.07.2026 година и неплатени до 31.10.2026 годинапо основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.11/2026 објавени се 2.006 должници – правни лица (повеќе за 19 од претходната листа) и 3.194 физички лица (повеќе за 41 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.11/2026 изнесува 14.024.931.031 денари, (повеќе за 83.153.020 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 13.783.982.517 денари, (повеќе за 13.738.971 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 240.948.514 денари (повеќе за 69.414.049 од претходната листа).