Скопско добива нов изглед

120

SKOPSKO 0.33lПивара Скопје АД го менува визуелниот идентитет на Скопско. Новиот дизајнот на стакленото шише на Скопско 0,33л претставува комбинација на најдобрите светски практики и корисните повратни информации од љубителите на пивото во Македонија.

“Уште од 1924-та, СКОПСКО претставува автентичен производ, секогаш иновативен за времето во кое опстојува, со уникатен и непроменет вкус од совршена комбинација на врвни состојки и многу знаење и страст за правење пиво. Оваа приказна која сите ние така добро ја познаваме и гордо ја нарекуваме Вкусот на Македонија, сега добива нова, возбудлива форма, а суштински останува”, вели Соња Тодорова, маркетинг менаџер на Пивара Скопје АД.

Скопско е исто така поддржувач и партнер на најзначајните културно-уметнички, забавни и спортски манифестации и случувања во земјава, повеќе децении. Најпознатиот македонски бренд, создаден за уживање, е истовремено и верен сопатник на нашите успеси, прослави, но и копнежи, стремежи и надежи.

Со својата златножолта боја и цврста бела пена, Скопско низ децениите прерасна во вистински синоним за пиво во Македонија. Новиот модерен дизајн се очекува да ја продолжи успешната приказна на единственото пиво кое со гордост може да се нарече Вкусот на Македонија.