Скоро 240 милиони евра вкупни директни инвестиции во земјава во 2020 година

20

Во 2020 година, вкупните директни инвестиции во земјата од 239,8 милиони евра се резултат на нето-приливите врз основа на меѓукомпаниски долг (128,4 милиони евра), вложувања во сопственички капитал (96,7 милиони евра) и реинвестирање на добивката (14,8 милиони евра), покажуваат податоците на Народна банка.

Во текот на четвртиот квартал од 2020 година, вкупните директни инвестиции во земјата бележат нето-приливи од 95,3 милиони евра, како резултат на зголемените инвестиции во меѓукомпанискиот долг и сопственичкиот капитал (за 145,7 и 19,5 милиони евра, соодветно), при намалена реинвестирана добивка за 69,9 милиони евра.

Податоците за трансакциите на директните инвестиции ги опфаќаат движењата помеѓу поврзаните субјекти врз основа на сопственички капитал, реинвестирање на добивката и должничките инструменти. Должничките инструменти ги опфаќаат средствата и обврските од/кон поврзаните претпријатија во странство врз основа на заеми на меѓусебно поврзани субјекти, трговски кредити и аванси на меѓусебно поврзани субјекти и средства и обврски врз основа на останати должнички инструменти на меѓусебно поврзани субјекти.

Фото: Pexels