Скоро 30% од Европејците не можат да си дозволат една недела одмор

49

Околу 28% од жителите на Европа не можат да си дозволат една недела одмор надвор од местото на живеење, а тој број се искачи на дури 60% од работниците кои се под прагот на сиромаштија, чии лидери се Грција, Романија и Хрватска.

Бројот на Европејци кои не можат да си дозволат една недела летен одмор се искачи на 60% за сиромашните работници, покажува анализата на Европската конфедерација на синдикати.

Тие работници, чии приходи се под прагот на сиромаштијата, најлошо поминуваат во Грција, каде 88,9% не можат да заминат на летување.

Најголеми разлики во можностите за заминување на одмор меѓу работниците со приходи пониски од медијалната плата и останатите работници има во Хрватска, Грција, Бугарија, Чешка, Франција и Романија.

Фото: Pexels