Скоро 300 милиони денари добивка за Винер во првиот квартал

66

009593302 Во првиот квартал од 2014 година, осигурителната компанија Винер-Виена Иншуренс Груп остварила рекордна полисирана премија од речиси 300 милиони денари, што е пораст за 20% во споредба од истиот период минатата година.

Од Винер Осигурување велат дека зголемувањето на бројот на нови осигуреници и продадени полиси се резултат на целосната посветеност на компанијата на потребите на клиентите во сите сегменти на осигурителниот процес, како и на беспрекорното реосигурително покритие кое е основа за целосна безбедност на осигурениците и осигуреното.

Од оваа деловна филозофија произлегува и актуелниот проект на компанијата – „(О)Сигурен во Винер”, кој вклучува продукти креирани според барањата и можностите на клиентите, како и програма за лојалност со која секој клиент добива доплнителни услуги, подароци и изненадувања. Експресното решавање и динамичната исплата на штетите остануваат препознатлив имиџ на компанијата, додаваат од Винер.

По првиот квартал во 2014, Виена Иншуренс Груп и понатаму е групација со убедливо најголем удел на домашниот осигурителен пазар. Групацијата, која важи за најмоќна во Централна и Источна Европа, во Македонија е присутна од 2009 година преку Винер Осигурување.