Скоро 400 Кинези ја посетиле земјава во декември

34

Земјава во декември ја посетиле 393 туристи од Кина, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во текот на последниот месец од минатата година, вкупниот број на туристи е 61.468, од кои 20.841 биле домашни, а 40.627 странски туристи.

Како најбројни странски гости што ја посетиле Македонија во декември се од земјите од соседството. Најбројни биле туристите од Бугарија (7.483), потоа следуваат оние од Грција со 5.51 и трети се Србите со 4.368 гости.

Од друга страна, како најмалку бројни се туристите од: Исланд (2), Белорусија (8) и Нов Зеланд (14).

Најголем дел од странските туристи во декември, го посетиле Скопје (19.290), а 11.969 биле гости на некои од езерските места во земјава.

Кога станува збор за видот на сместување, странските гости во земјава ги преферираат хотелите со четири ѕвезди. Од 38.931 странски турист кој е сместен во хотелски капацитет, 18.652 одбрале хотел со четири ѕвезди, а нешто над 14.000 биле сместени во хотел со пет ѕвезди, додека најмалку (99) биле сместени во туристички апартмани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристи во декември 2019 година изнесува 61.468, а бројот на ноќевањата изнесува 119.412.

Бројот на туристите во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, е зголемен за 8,7%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 4,8%. Бројот на домашни туристи во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, е зголемен за 1,7%, а бројот на странски туристи е зголемен за 12,6%.

Бројот на ноќевања на домашни туристи во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, е зголемен за 0,4%, а бројот на ноќевања на странските туристи е зголемен за 7,8%.

Во периодот јануари – декември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5,1%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1,9%, а кај странските има зголемување за 7,1%. Во периодот јануари – декември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 2,7%, и тоа: бројот на ноќевањата на домашните туристи остана на исто ниво, а кај странските има зголемување за 5,8%.

Фото: Pixabay