Скоро пола милион Британци имаат неподмирен долг за домот во којшто живеат

29

Скоро пола милион луѓе во Велика Британија пропуштиле да платат кирија или хипотека поради пандемијата, пренесува Financial Times.

Според податоците, 450.000 луѓе веруваат дека заостануваат во плаќање на долговите за домот во којшто живеат, а како причина за тоа се наведува пандемијата.

Експертите предупредуваат дека Велика Британија се соочува со “криза на неподмирени плаќања“, па бараат интервенција од властите за да се надмине таа ситуација.

Повеќе од 1.000 лица присилно се иселени од становите каде што живееле бидејќи не успеале навреме да ги подмират обврските за кирија кон сопствениците на недвижнините.

Фото: Pexels