Скоро пола од малите руски фирми имаат потреба од нови работници

Скоро половина од малите и средни компании во Русија имаат потреба од нови работници, а секоја четврта вложува во ширење на бизнисот, како и во времето пред пандемијата, пренесуваат руските медиуми.

Во истражувањето биле вклучени 1.839 компании од тој сектор во Русија.

“Потреба од нови работници имаат 45% од испитаниците во сегментот на мали и средни компании, а 27% од нив веќе почнаа да вработуваат“, покажуваат резултатите

На прашањето на какви потешкотии наидуваат при вработување, 41% од испитаниците навеле дека тоа е недостиг од потребни квалификации, а на второ место се “прекумерни барања за плата“ со 31%.

Истражувањето покажало дека секој четврти претприемач инвестира во развој на својот бизнис, што значи дека нивниот удел се вратил како од времето пред пандемијата.

Вкупно 23% од испитаниците уште не вложиле, но планираат тоа да го направат во текот на годината. Нешто повеќе од половина од испитаниците рекле дека не се спремни да инвестираат оваа година, скоро како и пред две години.

Фото: Pexels