Скромни и посветени – сопружници кои ја развиваат ефикасната вакцина против Ковид-19

292

Угун Сахин, кој доаѓа од скромно семејство, е основач на германската компанија BioNTech, што денес вреди две милијарди долари, секој ден на работа доаѓа со велосипед.

Тој и неговата сопруга Озлем Туреџи, исто така членка на управата на BioNtech, се “тимот од соништата“ што би можел да го спаси светот од коронавирусот.

Нивната компанија изби на врвот во светски рамки со вакцина против коронавирусот, откако заедно со американски Pfizer објавија дека нивната вакцина по третата фаза на клиничко тестирање е 90% ефикасна.

Сахин, роден во Турција, пораснал во Германија каде неговите родители работеле во фабрика на Ford. По завршување на факултетот, Сахин станал професор и научник во областа на имунотерапијата. Работел во болници во Келн и Хамбург, каде во првите години од академската кариера ја запознал Туреџи, која работела како имунолог, пренесува Пословни дневник.

Озлем, која е ќерка на лекар кој исто така од Турција дошол во Германија, вели дека дури и на денот на венчавката нашле време да поминат во лабораторија.

Заедно го проучувале имунолошкиот систем како потенцијален сојузник во борба против карциномот и се обиделе да востановат кој е единствениот генетски систем на секој тумор.

Во претприемништвото ги направиле првите чекори во 2001 година, кога ја основале компанијата Ganymed за да може да развијат антитела против карцином, но Сахин во ниту еден момент не се откажал од академските предаања на Универзитетот во Мајнц.

Нивната компанија е продадена во 2016-та година на јапонска Astellas за 1,4 милијарди долари. BioNTech ја основале во 2008-ма година со цел да развијат алатки за имунотерапија во борба против карциномите.

Фондацијата Bill & Melinda Gates вложи 55 милиони долари во нивната компанија што работи на лекување на ХИВ и туберкулоза.

Нивната вакцина против Ковид-19 би можела да биде достапна за најранливите каегории на луѓе до март следата година и заедно со останатиот напредок од корен да го промени текот на пандемијата.

Фото: Twitter