СКТМ го потпиша глобалниот етички Кодекс во туризмот од приватниот сектор

22

Претседателот на Стопанската комора за туризам, Лела Крстевска, на средбата со генералниот секретар на Светската туристичка организација при Обединетите нации, Талеб Рифаи, го потпиша Глобалниот етички Кодекс во туризмот од приватниот сектор.

Македонија е меѓу 40 земји во светот што го потпишале овој документ.

Со овој Кодекс, приватниот сектор преку Комората се обврзува дека ќе  ги почитува и промовира 10 принципи за одржлив и одговорен туризам.