SkyDeck – стаклена кабина сместена на покривот од авионот

54

skydeck-01

Американската компанија Windspeed Technologies, којашто се занимава со инженеринг на авиони, дизајнира сосема поинакво искуство за патниците кои летаат на долги релации во првата класа, пишува Guardian.

skydeck

Станува збор за SkyDeck, седишта сместени во посебна стаклена кабина што се наоѓа на покривот од авионот. Оваа кабина би требало да биде достапна и во приватното и комерцијалното воздухопловство. На патниците ќе им нуди поглед од 360 степени, а седиштата ќе можат да се ротираат.

sky-deck-cover

Трошоците за инсталација на SkyDeck, којшто треба да се патентира, ќе се движат од седум до 22 милиони евра.