Skype овозможува бесплатни конференциски видео повици

145

skype video konferencijaКомпанијата Skype, решена да ја задржи доминантната позиција на светскиот пазар, ја претстави својата нова услуга, а тоа се бесплатните конференциски видео повици.

Корисниците на Windows, OS X и Xbox One веќе имаат можност бесплатно да прават конференциски видео повици кои вклучуваат од три до 10 лица, но од Skype истакнуваат дека најдобро е бројот на учесници да биде пет.

Претходно, видео повиците од овој тип беа достапни само преку Skype Premium, што чини 8,99 долари на месечно ниво.