Skype воведе бесплатни групни видео повици

47

skypeeКорисниците на iOS, Android  и Windows уредите конечно ќе ги добијат долгоочекуваните бесплатни групни видео повици преку Skype на своите паметни телефони и таблети, пишува Christian Post.

Тоа значи дека од моментот кога ќе ја ажурираат апликацијата Skype ќе можат да стартуваат видео комуникација со максимум 25 учесници, бесплатно.

За новите групни видео повици корисникот не мора да има Skype, учесниците ќе можат да се повикаат преку праќање на URL на комуникацијата. Сето ова ќе биде овозможено во HD.

Skype постојано работи на подобрување на нивната верзија за паметни телефони, а доказ за тоа се видео пораките, преводите на пораките, преводите на разговорите, емотиконите и Outlook интеграциите.