Skypicker – чешка апликација за евтини авио билети

61

skypicker

Skypicker е апликација за купување на евтини авио билети, креирана од Лусиа Бресова и Оливер Длоухи од Чешка, пишува Бизнис инсајдер.

Оваа апликација користи алгоритам, што пронаоѓа евтина карта, што дотогаш не била забележана од некој друг. Освен тоа, Skypicker го автоматизира процесот на купување на евтиниот авио билет.

Идејата за оваа апликација е на Оливер, кој пред три години се обидувал да најде поевтин авио билет за него и неговата девојка. Тој сакал да заштеди, барајќи евтини билети од Прага за Португалија, но сите директни летови биле премногу скапи. Но, тој забележал дека доколку се “букира“ билет од Прага до било кој европски град, на пример Осло, од една авиокомпанија, а потоа билетот од Осло до Португалија на конкуретна авиокомпанија,  се прави комбинација со која цената на овие две неповрзани компании е поевтина одошто цената на директниот авио билет.

Но, оваа операција му одзела многу време во потрагата по поевтин билет. Од таа причина, тој заедно со ИТ експерт развија пребарувач, за да може да ги повлекува податоците од други сајтови за патување за да може да се создаде поголема дата база.

Skypicker успеа да убеди и над 150 авиокомпании да ги стават на располагање нивните податоци за полесно пребарување на поевтини авио билети. На почетокот, основачите на овој старт – ап се соочија со потешкотии во соработката со големите авиокомпании.