Слаба побарувачка – Тесла ги поевтини своите возила

67

Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ по втор пат за помалку од три месеци ги намали цените во Кина поради послабата побарувачка на кинескиот пазар.

Американскиот производител на автомобили, исто така, ги намали цените на своите најпродавани електрични возила Model Y и Model 3 во Јапонија, Јужна Кореја и Австралија во обид да ја зголеми побарувачката за автомобили од својата фабрика во Шангај, нејзиниот најголем производствен центар, објави Ројтерс.

„Тесла“ до крајот на минатата година ги одржуваше стабилни цените на своите возила или дури ги покачуваше поради големата побарувачка.

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, минатиот месец изјави дека радикалните промени во каматните стапки влијаеле на достапноста на сите автомобили, нови и користени, и дека компанијата може да ги намали цените за да продолжи да расте производството.

Последното намалување на цените во Кина, заедно со уште едно во октомври и неодамнешните стимулации за кинеските клиенти, значи дека цените на Tesla паднаа за 13 до 24 отсто од септември, објави британската агенција.