Кон крајот на летото IKEA ќе го пушти во продажба најновиот производ – велосипед наречен SLADDA, пишува Inhabitat. Станува збор за уникатен дизајн којшто веќе собра неколку награди и беше прогласен за врвно достигнување.
Велосипедите SLADDA наместо вообичаениот синџир што се користи при движењето, имаат погонски ремен којшто е отпорен на корозија. Производителот тврди дека со овој ремен можат да се поминат до 15.000 километри, што е три пати повеќе од издржливоста на обичниот синџир.
За да го создаде SLADDA, компанијата склучи партнерство со тимот од шведското дизајнерското студио Veryday. Велосипедот можат да го возат и мажи и жени, односно секој кој е постар од 12 години, благодарение на прилагодливите рачки.
Возилото има таканаречен клик систем (click system) што му овозможува на возачот да прикачи разни додатоци, како кошница, патнички ранци и приколка за влечење. Лесната алуминиумска рамка ќе биде достапна во две големини 66 и 71 сантиметар во ограничен временски период.
SLADDA ќе започне да се продава во август по цена од 797 долари.