Сладолед и чај ги зголемија приходите на Unilever

64

Британско – холандскиот производител на производи за широка потрошувачка, Unilever ги зголеми приходите во второто тримесечје благодарение на повисоките цени и зголемената побарувачка за сладолед и чај.

Во Европа компанијата забележа двоцифрен раст на продажбата на сладолед што се јаде надвор од дома, а најголем раст има и во Турција, Кина и Индија.

Значително зголемен обем на продажба на чаеви, вклучувајќи ги брендовите Lipton и PG Tips, најмногу во Северна Америка, Турција, Европа и Индија.

Поради сето ова, приходите на Unilever во второто тримесечје од оваа година се зголемија за 1,2% на 13,5 милијарди евра.

Фото: Pexels