Главниот град на Казахстан, Астана, би можел да ја добие првата зграда по којашто ќе се протега скијачки терен, пишува CNN.
Станува збор за Slalom House, зграда висока 326 метри, којашто ќе има скијачка патека во форма на буквата U. Зад нејзиниот дизајн стои архитектот Шокхан Матаибеков, кој е голем љубител на зимските спортови.
Скијачката патека, којашто заедно со зградата ќе чини 70 милиони долари, ќе има вештачки снег и ќе овозможува скијање во текот на целата година.
Матаибеков во својот проект предвидува и панорамски лифт по којшто ќе може да се движат скијачите, а планирано е целата патека да биде осветлена што ќе овозможи и ноќно скијање.
Астана е град во којшто живата на термометарот во текот на студените зимски денови не покажува повеќе од -15 степени, но најблиските скијачки терени се оддалечени четири часа возење.